top of page
12976.jpg

Здраво, се радувам што си тука

ПОДГОТВИ СЕ ЗА ПРОМЕНИ

и драго ми е што ќе имаме можност да се дружиме на ова место.                  Низ годините собирав толку прекрасни животни иксуства и запознав толку убави луѓе. Верувам дека сме дојдени на овој свет за да се поврзуваме меѓу себе, да делиме искуства и знаења, заеднички да растеме и да  се развиваме.

На ова мое виртуелно место можеш да најдеш голем број бесплатни едукативни материјали: прирачници, текстови, водичи, упатства, стратегии кои ќе ти помогнаат да ги развиеш своите професионални вештини и целосно да ја дигитализираш твојата деловна активност.

твоја, Марија

About

За мене...

Основач и сопственик на компанијата за дигитален маркетинг и визуелен дизајн

Market Design Academy и Windmill Shop - бренд за креативни производи за деца и возрасни.


Повеќе од 18 години активно истражувам и работам во полето на медиумската продукција, дигиталниот маркетинг и визуелниот дизајн. Автор сум на повеќе прирачници од областа на дигиталниот маркетинг, претприемништвото и стратешките комуникации.

 

Сертифициран тренер за претприемништво и развој на бизнис вештини, дигитален маркетинг и коучинг на мали бизниси.

Во својата професионална кариера сум работела на повеќе менаџерски позиции и сум раководела тимови и проекти, а како советник соработувам со компании од различни индустрии и работам менторски и коучинг програми за развој на бизниси во рана фаза.

Имам одржано повеќе од 50 обуки и работилници во земјава и регионот.

MARIJA MANEVA
Designers
od hobi do biznis onlajn obuka.jpg

КАКВИ БОИ ИМА

ТВОЈОТ СОН

СЕКОГАШ СИ НА САМО ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЦЕЛТА

Ако умееш да создадеш визија во својот ум,

тогаш можеш и да ја  материјализираш,

да ја  допреш,  раскажуваш и делиш со светот.

Тука сме за да ги

сонуваме и реализираме нашите „најлуди“ соништа.

Каков е твојот сон, какви бои има, како звучи, на што мириса?

Сонувај го твојот сон без ограничувања!

Ти подготвив неколку БЕСПЛАТНИ ПРИРАЧНИЦИ кои можат да бидат твојот прв чекор во остварувањето на твојот сон.

Кликни на ПОВЕЌЕ и преземи ги!

instagram engagement marija maneva.jpg

Ако веруваш дека можеш

АКО ВЕРУВАШ ДЕКА МОЖЕШ,

ЗНАЧИ МОЖЕШ

Секое патување има почеток и цел.

Ако денес е твојот почеток, тогаш која, кога и каде е твојата цел.

Често нашите цели се неодредени, недефинирани, нејасни и тоа е единствената причина зошто не се оставрливи. Преземи го овој убаво дизајниран PDF водич за лесно дефинирање на целите кој ќе ти помогне јасно да го видиш патот по кој сакаш да одиш и да ја одредиш твојата цел.

онлајн обуки marija maneva.jpg

ОНЛАЈН ОБУКИ - ONLINE EDUCATION

Ако не сега, кога?

Стекни нови вештини, дознај нови информации, поврзи се со луѓе со кои делите исти интереси и вредности, работи на себе и усовршувај се!

АКО НЕ СЕГА, КОГА?

od hobi do biznis onlajn obuka.jpg
МОЛИВЧЕ.jpg

ОД ХОБИ ДО БИЗНИС

ОНЛАЈН ОБУКА

СТИКЕР.jpg

Ако имаш свое хоби, кое тебе те исполнува, уживаш во него, се забораваш со часови во креативниот и творечки процес, тогаш се работи за огромна страст и љубов која се вложува во тоа што го работиш, а тоа само по себе има голема вредност, не само за тебе како создавач и креатор, туку и за светот. Ако си создал нешто, мора да има некој да го купи, па макар и на другата страна на светот.

МОЛИВЧЕ.jpg

INSTAGRAM БЛЕНДЕР

ОНЛАЈН ОБУКА

СТИКЕР.jpg

Можеш ли да замислиш дека твојот Инстаграм може да расте без опсесивно преокупирање со тоа што следно ќе објавиш, како да создадеш содржина, како да ја дизајнираш, дали твојот Инстаграм Feed е добар, дали привлекуваш внимание, зошто повторно немаш следбеници и без илјадници други прашања и мисли кои ти поминуваат низ глава секогаш кога ќе се спомене Инстаграм. Сѐ е е до тоа што ќе видиме и дали ни се допаѓа тоа што ќе го видиме.

INSTAGRAM BLENDER MARIJA MANEVA.jpg
Annotation 2020-08-30 222030.png
МОЛИВЧЕ.jpg

STORY БЛЕНДЕР

ОНЛАЈН ОБУКА

СТИКЕР.jpg

Story Блендер е обука која ќе те научи на умеш(т)носта во раскажување. Приказните се тие кои можат да остварат најдабока конекција со нашето окружување. Важно е што имаш да кажеш, но важно е и како ќе го кажеш.

Раскажувајќи ја приказната на моќен начин, се поврзуваме со нашите клиенти на едно сосема поинакво ниво кое значи пренесување на емоции, вредности, решенија, ентузијазам, визија, мотивација.

EPOKSIDNA SMOLA OBUKA.jpg

ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА

ОНЛАЈН ОБУКА

СТИКЕР.jpg

Оваа обука ќе ви помогне да ги научите сите „мали тајни“ за работа со епоксидната смола и да ги совладате неопходните техники и вештини за да можете самостојно да изработувате различни креативни производи од полимерната глина и епоксидната смола.

Без разлика дали сакате да изработувате мали формати како накит на пример или пак големи формати како маси и мебел од епоксидна смола, оваа обука во целост ќе ви ја пренесе технологијата за работа со епоксидна смола и полимерна глина.

onlajn obuka za epoksidna smola.jpg

Сте се нашле ли некогаш во состојба да се чувствувате „заглавено“. Никако не можеш да дадеш чекор напред и да тргнеш само затоа што не знаеш како. И самата сум била многу често во вакви ситуации, а сум запознала и многу луѓе кои остануваат во иста состојба со години.

А одговорот е едноставен, само тргни, направи нешто, преземи акција, прашај, консултурај се, вклучи се во решението, научи.  Креирав неколку онлајн обуки кои може да ти дадат одговор на прашањето КАКО? На вистинско место си, разгледај ги обуките и впушти се во нова авантура. Рашири ги крилјата и летај високо!

1

Нивото на стекнато и применето знаење е неспоредливо поголемо кога техниките се усвојуваат постепено, чекор по чекор, со континуирана менторска поддршка, наспроти неколкучасовна, еднодневна или дводневна интензивна обука каде за многу краток период се добива огромна количина на информации кои потоа самостојно без потребното менторство не можат да се применат на ефикасен начин.

ЦВЕТЧЕ.jpg

3 добри причини

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЛЕДИШ ОНЛАЈН ОБУКИ

2

3

За разлика од интензивните обуки каде во период од најчесто 5 до 8 часа се споделува огромна количина на информации, се губи концентрацијата и голем дел значајни информации остануваат незабележани, се забораваат или остануваат нејасни, ОНЛАЈН ОБУКИТЕ ви овозможуваат да се враќате на истата тема по неколку пати, односно толку колку што е потребно до нејзино целосно усовршување.

Искуството покажува дека за време на групните интензивни обуки голем дел од учесниците не се охрабруваат да постават прашања или пак прашања им се јавуваат по завршување на обуката кога повеќе немаат простор за консултација. Онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ќе го овоможи токму спротивното, ќе ги поттикнува сите ваши прашања и ќе имате сосема доволен период за да добиете конкретни одговори на сите ваши прашања кои ќе се јават во текот на практичното тестирате и примена на стекнатите знаења.

bottom of page