

На светот му
треба
нешто што
ГО ИМАШ САМО ТИ
тоа нешто
ПОДЕЛИ ГО СО СВЕТОТ

Што е Instagram engagement (ангажираност на инстаграм) и како да го подобриш? Ангажираноста на Инстаграм значи како публиката реагира на содржината што ја објавуваш на твојот Instagram профил. Важно е да знаеш како да ја следиш и мериш ангажираноста на Instagram за да знаеш дали остваруваш добра конекција со твојата публика. Добриот Instagram engagement е клучен за развојот на твојот бренд и твојот бизнис.
Овој Прирачник ти нуди 15 практични совети за зголемување на ангажираноста на Инстаграм. Преземи го бесплатниот Прирачник и научи како со примена на неколку дигитални алатки можеш да постигнеш долгорочен успех и развој на твојот Instagram профил. Преземи, прочитај, примени и пиши ми.

Овој прирачник е креиран со цел да ти помогне да добиеш основни информации и насоки како можеш самостојно да го водиш својот дигитален маркетинг, особено ако располагаш со минимален буџет за маркетинг активности.
Дигиталниот маркетинг е област во која секој претприемач треба да се развива и усовршува.
Информациите и насоките кои ќе ги добиеш во овој прирачник се само почетна точка од која треба да тргнеш, а твоја задача е понатаму да истражуваш, експериментираш, собираш податоци, анализираш и на крај да етаблираш модел на дигитален маркетинг кој ќе ги дава најдобрите резултати за твојот бизнис и ќе ти носи задоволителна продажба и финасиска добивка.
Овој прирачник ќе ти помогне да дојдеш до одговорите на прашањата:
-
Зошто ти е важен дигиталниот маркетинг?
-
Какви резултати очекуваш?
-
Како можеш да ги постигнеш?
-
Кога и како ќе ги мериш резулатите?
Преземи, прочитај, примени и пиши ми.

Прирачник за генерирање идеи за креативна и смислена комуникација со вашите клиенти
Овој прирачник ќе ви понуди систем за генерирање идеи за креативна и смислена комуникација со вашите клиенти. Ќе ви помогне да сфатите зошто е важно да водите креативна, смислена и стратешка комуникација со вашите клиенти и како да го правите тоа.
Овој систем ќе ви донесе резултати на долг рок, ќе ве направи исклучително продуктивни, ќе ја зголеми вашата самодоверба и вашиот успех, се разбира дека тоа ќе влијае на позитивните бизнис резултати и на целокупната ваша благосостојба.
Со една реченица, овој прирачник ќе направи многу за тебе, верувај му и примени го

ЧИТАЈ. ИНСПИРИРАЈ СЕ
Сте се нашле ли некогаш во состојба да се чувствувате „заглавено“. Никако не можеш да дадеш чекор напред и да тргнеш само затоа што не знаеш како.
А одговорот е едноставен, само тргни, направи нешто, преземи акција, прашај, консултурај се, вклучи се во решението, научи.
Креирав неколку дигитални прирачници од областа на дигиталниот маркетинг, стратешки комуникации и претприемништво. Дел од нив ви ги подарувам и можете бесплатно да ги преземете со кликање на копчето преземи.
Се радувам за твојата одлука да научиш нешто ново и да се развиваш. Преземи, прочитај, примени и пиши ми.
Преземи, прочитај, примени и пиши ми.