СИТЕ БОИ НА ОКТОМВРИ (ДЕСКТОП И МОБИЛНА ВЕРЗИЈА НА КАЛЕНДАР)

Пред некое време сфатив дека сум среќна што живеам во земја каде го има октомври во вистинска смисла на зборот, го сакам октомври со сите негови бои и со сиот свој блузерски шмек.

Важен е октомври заради одржување на балансот и надворешен и внатрешен, за одржување на природниот тек на циклусот кој има почеток и крај, октомври не потсетува дека треба летната еуфорија да ја замениме со мирис на ајвар и чај со лимон, во октомври треба да ги надокнадиме работите кои во меѓувреме сме ги пропуштиле или сме ги трампале за плажа, книга и заштитен фактор.

Во октомври правиме пресеци, резимираме кои планови и цели сме ги поставиле на почетокот на годината, а колку од нив не сме оствариле, па не фаќа паника, имаме уште неполни три месеци до крајот на годината, а барем една третина од замисленото не е остварено, па бришеме или преместуваме за следната година.

Но, нека не те фаќа паника, овој октомври (како и секој) ти нуди 44.640 нови шанси.

Нели е неверојатно? Октомври има 44.640 минути и исто толку шанси да смислиш нешто, да тргнеш во акција, да направиш, преправиш и составиш.

Ти подготвив календар за полесно да ги организираш твоите 44.640 минути,

Десктоп верзијата можете да ја преземеш од ОВОЈ ЛИНК, а

Мобилната верзија од ОВОЈ ЛИНК

Ти посакувам продуктивен месец,

Марија

  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh
СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP