ЕДНА СОСЕМА ЛИЧНА ИСПОВЕД

Деновиве почувствував потреба да се обратам на моите луѓе, на мојата публика на оние кои се со мене и со Windmill Shop повеќе од 6 години. Тој број на мои луѓе воопшто не е мал, ако ги соберам сите кои го следат Windmill Shop на Facebook, Instagram, мојата веб-страница, затворените Facebook групи кои ги администрирам, тој број надминува 10.000 мои луѓе.

И многу сум благодарна што ги имам сите овие луѓе. Некои од нив ги знам лично, сме имале прилика да се запознаеме на моите работилници, обуки, на различни настани, некои ги знам само виртуелно, но исто така ми се подеднакво важни затоа што ја чувствувам нивната близина иако можеби се стотици километри оддалечени од мене (ве има насекаде во светот, мои луѓе во Канада, Америка, Нов зеланд, Европа, Кина).

Но овие луѓе не се само мои луѓе, и јас сум нивна, припаѓам на секој од нив и со задоволство тоа го правам, сакам да сум тука за секој на начин на кој што можам да го дадам најдоброто од мене во тој момент и тоа некому да му биде од корист и да му помогне.

Затоа ја почувствував оваа огромна потреба да ви кажам здраво, да ви кажам чувајте се, да ви кажам дека сум тука ако ви треба мојата помош и поддршка во овој момент, ако ви треба мој совет, ако ви треба моето знаење и искуство, слободно без задршка ќе го поделам со вас.

Многумина ме познаваат како основач на брендот Windmill Shop (кој стана популарен по накитот изработен од епоксидна смола и полимерна глина) и како едукатор за полимерна глина и епоксидна смола.

Windmill shop како една лична креативна хоби приказна почна да се развива во 2014 година, а веќе во следната години моето хоби за изработка на производи се прошири и во делот на едукација, односно во реализација на Обуки за епоксидна смола и полимерна глина.

На овие обуки почнувајќи од 2015 година поминале повеќе од 400 учесници на возраст над 18 години и повеќе од 2000 ученици од основни и средни училишта кои биле дел од креативните работилници за полимерна глина.

Тие што ме знаат подобро и што го знаат моето професионално искуство, знаат дека оваа моја потреба да креирам работилници и обуки доаѓа како логичен след на мојата долгогодишна проефисонална кариера помината токму како обучувач во тренинг центарот на една интернационална банка.

Многумина од вас можеби не го знаат податокот дека моето професионално искуство повеќе е поврзано со маркетинг и ПР и со тесна специјалност во полето на дигиталниот маркетинг, односно во делот на „conversion marketing“.

Како сертифициран тренер за претприемништво и Обучувач за претприемништво и развој на бизнис вештини во рамки на програмата за Самовработување во последните три години повеќе сум посветена на организација и реализација на обуки од областа на претприемништво, менаџмент на мал бизнис, дигитален маркетинг, е-продажба и е-трговија и сл.

Кон крајот на 2019 година заедно со мои соработници со кои заеднички работиме на проекти за различни клиенти ја создадовме платформата www.marketdesignacademy.com со цел нашите искуства и знаења да ги поделиме со лица и компании на кои тоа им е потребно.

Во тој период додека работевме на развивање на различни физички и онлајн обуки во делот на претприемништво, дигитален маркетинг и дизајн, ми се наметна идејата дека можеби е време мојата Обука за епоксидна смола и полимерна глина да ја трансформирам во Онлајн обука.

На оваа идеја работев јануари 2020 година, а во февруари започна првата група (во тек е и втора група). Во тоа време не претпоставував дека сите заедно и цел свет во исто време ќе влезе во оваа колективна катарза иницирана од пандемијата.

Во актуелните услови повеќе од било кога имам потреба да го тестирам моето лично искуство и знаење во областа на дигиталните бизниси и да носам заклучоци, да резимирам, коригирам, применувам, тестирам.

Едно е сигурно, дека светот забрзано се подготвува за „Нов свет“ на дигитална трансформација. Електронската продажба и трговија, не се само празни формулациии, тие сѐ повеќе ја добиваат својата суштина и прагматичност.

За секого од нас, за многу пократок период отколку што можеме да претпоставиме, ќе стане сосема прифатлив концептот дека најголемите секојдневни активности, повеќе или помалку важни ќе се одвиваат онлајн. Од приватна и професионална комуникација, до користење на услуги, купување производи, па сѐ до формална и неформална едукација.

Во овој „нов свет“ повеќе од било кога ќе има потреба да се делат знаења, да се дава помош и поддршка, да се мисли и помага на заедницата и секој ќе биде повикан тоа да го прави.

Во „новиот свет“ повеќе од било кога ќе важи правилото – КОЛКУ ПОВЕЌЕ ДАВАШ ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАШ.

Затоа, драги мои луѓе, давајте. Покажете ги своите знаења, вештини, умеења, таленти, споделувајте ги со другите, покажете им како тоа се прави, научете ги!.

Во секој од нас се кријат одредени скриени таленти. Некој знае да готви да подготвува совршени здрави или вегански рецепти, некој знае да свири гитара, некој одлично зборува шпански јазик, некој знае како се одгледуваат орхидеи, некој ги знае сите тајни на сметководтвото и финансиското работење, некој има огромно правно искуство и знае да ги даде најдобрите правни совети, некој пишува проекти, колумни, некој практицира јога, фитнес, листата е навистина предолга.

Денес, застанете и размислете кои се потребите на „новиот свет“ и како јас можам да помогнам, а сигурно можете. Секој може и секој треба тоа да го прави.

Со тимот на www.marketdesignacademy.com криравме Онлајн обука која ќе ве научи КАКО ДА КРЕИРАТЕ ВАША ОНЛАЈН ОБУКА (ЧЕКОР ПО ЧЕКОР).

Да ги разбиеме митовите дека за да креираш онлајн обука ти требаат многу пари, експертско знаење, технички вештини и сл. Се разбира дека дел од овие работи ти требаат, но тие се учат. Колку побргу ги научите, толку побргу ќе се адаптирате на новото време.

Поделете го вашето знаење, вашите таленти, вештини и искуства, некој има потреба токму од такво знаење, некој сака да ги научи токму тие вештини. Колку и понекогаш да ти изгледа дека тоа што го знаеш е нешто едноставно, не толку корисно и кој би се интересирал за такво нешто, моето искуство покажува дека тоа се изговори кои доаѓаат од несигурноста и сомнежот кој го имаме кога размислуваме да се впуштиме во една таква авантура.

Тоа што ти го правиш со огромна леснотија, не значи дека тоа е едноставно, туку само значи дека го правиш со огромна страст, а тоа е сосема доволно за да креираш извонредна обука. Ако нешто работиш со огромна страст, значи дека веќе си експерт во таа област, дека активно си истражувал и учел и што е најважно дека тоа си го правел со огромна љубов.

Затоа драги мои луѓе ве охрабрувам да делите со светот, ако не знаете како, тогаш научете, сите информации за Онлајн обуката - Направи твоја Онлајн обука (чекор по чекор) можете да ги добиете на овој ЛИНК.

Да се адаптираме на „новото време“ и на „новиот свет“ - Колку повеќе даваш, толку повеќе добиваш,

Чувајте се

Ваша,

Марија

  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh
СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP