

На светот му
треба
нешто што
ГО ИМАШ САМО ТИ
тоа нешто
ПОДЕЛИ ГО СО СВЕТОТ

ОНЛАЈН ОБУКА
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС
АКО НЕ СЕГА, КОГА?

КАКВА ОБУКА
Е ОБУКАТА
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС
Можеш ли да си замислиш професионален живот по своја мерка, можност сам да си го организираш денот и да ги планираш своите работни обврски и работни часови, можеш ли да замислиш живот без понеделнички стрес, без шефови, притисоци, можност сам да работиш колку сакаш и кога сакаш и притоа да заработуваш многу повеќе отколку досега!
Можеш ли да замислиш дека ова е можно, сега и овде!
Ако можеш, оваа обука е за ТЕБЕ!
ОД ХОБИ ДО ОНЛАЈН БИЗНИС е интерактивна онлајн тренинг програма која те учи како да изградиш одржлив бизнис модел кој ќе ти овозможува континуирани приходи и целосна финансиска слобода.
Обуката е дизајнирана на тој начин што ќе ти даде не само теоретско знаење кое ќе ти помогне да разбереш многу работи и да сфатиш кои се базичните бизнис принципи, туку ќе ти понуди и огромно, ама навистина огромно практично знаење кое ќе ти овозможи самостојно да ги менаџираш сите бизнис процеси од почеток до крај.
Ќе ти помогне да разбереш како функционираат онлајн бизнисите и како твојата работа да ја автоматизираш на тој начин што ќе можеш делумно или целосно да ја реализираш преку онлајн платформите со голем успех.
Обуката ќе ти даде огромен сет на знаења од областа на претприемништвото, електронската трговија, онлајн продажбата, дигиталниот маркетинг (со фокус на социјалните мрежи), финансиите, правните аспекти и процедури и сл.
Без разлика дали твојот бренд е само идеја или веќе имаш бизнис во рана фаза, оваа обука те предизвикува да ја постигнеш својата извонредност и да ги освоиш највисоките нивоа на твоето бизнис делување.
Оваа програма ти дава силна поддршка и мотивација да ги движиш твоите соништа кон највисоките успеси и највозвишените цели.

Јасно дефинирај ги твоите цели, зајакни ги твоите вештини,
зголеми ја продажбата,
максимизирај го профитот,
изгради автентичен бренд.
Обуката вклучува и менторски коучинг онлајн средби еден на еден на кои се разговараат индивидуалните стратегии прецизно дизајнирани за секој учесник поединечно.
На овој начин учесниците можат да го извлечат најдоброто од обуката и менторската поддршка, да се стекнат со знаења и вештини, да создадат искуства кои понатаму ќе им овозможат самостојно и без ризици и загуби успешно да ја планираат и водат својата деловна активност.

ДАЛИ
ОВАА ОБУКА
Е ЗА ТЕБЕ

-
Ако сакаш да го користиш дигиталниот маркетинг на мудар и успешен начин и да ги претвориш твоите „фанови“ во твои клиенти, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако си проактивно ориентирана и амбициозна личност која сака со светот да подели одреден прозивод, услуга, информација, совет и сл. оваа обука е за тебе.
-
Ако си сопственик на бизнис во основање или бизнис во својата рана фаза и се обидуваш да дојдеш до твоите идеални купувачи, да доживееш прогресивен раст, да го зголемиш твојот профит и да заработуваш од твојот сон, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако веќе имаш свој бизнис, но подготвен си да научиш нешто ново и да го развиваш и скалираш твојот бизнис, оваа обука е за тебе.
-
Ако чувствуваш потреба од континуирана поддршка, менторство, консултации, мотивација и инспирација, оваа обука е за тебе.
Време е да го трансформираш твоето хоби во твој бизнис, време е да го скалираш почетниот бизнис, време е да го развиеш постоечкиот бизнис на ново повисоко ниво.
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА!
АКО НЕ СЕГА, КОГА?

ОБУКАТА
ОД ХОБИ ДО БИЗНИС ЌЕ ТЕ НАУЧИ КАКО ДА:
-
Креираш содржини кои најдобро продаваат (Content marketing) преку Блог формати, објави на социјални мрежи, фотографии, видеа, инфографикони и сл.
-
Алатки и апликации за креирање содржини (текстови, фотографии , видеа, инфорграфикони, презентации и сл.)
-
Креираш веб-страница и веб-продавница.
-
Како да изградиш одржлива бизнис стратегија, маркетинг и продажен план, да ги сетираш акцините цели и да развиеш чекор по чекор акционен план кој ќе ти донесе огромен резултат во првите 6 месеци.
-
Како да ги планираш финанасиите, инвестициите, трошоците и сл.
-
Ги следиш правните регулативи, обврски, авторски права и сл.
-
Направиш прецизна анатомија на Брендот и за изградиш Бренд стратегија за твојот производ/услуга
-
Да ја пронајдеш твојата идеална целна група и да допреш до купувачите
-
Изградиш мрежа на задоволни купувачи и идни Бренд амбасадори
-
Креираш одржлив Бизнис план и да почнеш да заработуваш
-
Останеш мотивиран и продуктивен во процесот
-
Креираш интерактивни профили на социјалните мрежи кои ќе ги продаваат твоите производи подобро од било кој продажен агент
-
Ги научиш сите трикови и тајни за онлајн продажба (АИДА модел, автоматизација на објави, онлајн огласувања, наградни и игри и гејминг методи за маркетинг, мејл маркетинг, повици за акција и сл.)

ОВАА ОБУКА НЕ Е
ЗА ТЕБЕ
АКО
-
Сметаш дека немаш време за себе и твоите интереси
-
На Обуката гледаш како на трошок, а не како на инвестиција во себе, твоите способности, вештини и знаења
-
Ти се чини многу комплексно, а ти немаш трпение да научиш нови работи
-
Не веруваш дека можеш да заработуваш од твоето хоби и од твојот бизнис
-
Не веруваш дека токму ти можеш да водиш успешен бизнис
Обуката се реализира преку 10 видео модули кои се составени од видео лекции, работни листови и прирачници.
Видео лекциите се снимени (не се во живо) и се достапни за учесникот на обуката 24/7, односно учесникот може да ги гледа неограничен број пати, во денови и термини кога нему му одговараат, без да ги наруши планираните секојдневни обврски.
Преку видео лекциите, работните листови и прирачниците, учесникот целосно се запознава со темите, ги усвојува потребните знаења и работи вежби кои му помагаат да ги примени знаењата на својот случај и да стекне индивидуално искуство.
По завршувањето на интензивниот период на обука, учесникот на обуката добива коучинг поддршка во период од еден месец, каде заедно со менторот ги разгледуваат поставените планови, градат стратегии, дефинираат планови за продажба и маркетинг, оптимизираат ефикасни алатки и ја следат реализацијата.
По завршувањето на овој период од два месеци учесникот добива СЕРТИФИКАТ за успешно завршена обука.
КАКО СЕ РЕАЛИЗИРА ОБУКАТА?
ЗОШТО ДА УЧИШ ОД МЕНЕ?
Основач и сопственик на компанијата за дигитален маркетинг и визуелен дизајн Market Design Academy.
Повеќе од 18 години активно истражувам и работам во полето на медиумската продукција, дигиталниот маркетинг и визуелниот дизајн. Автор сум на повеќе прирачници од областа на дигиталниот маркетинг, претприемништвото и стратешките комуникации.
Како советник соработувам со компании од различни индустрии и работам менторски и коучинг програми за развој на старт ап бизниси.
Сертифицирана за претприемништво и развој на бизнис вештини, дигитален маркетинг, коучинг на мали бизниси, NLP Practitioner.
Во својата професионална кариера сум работела на повеќе менаџерски позиции и сум раководела тимови и проекти.
Имам одржано повеќе од 50 обуки и работилници во земјава и регионот.



-
Видео материјал кој можете да го гледате во секое време од било кој уред, без разлика на местото каде се наоѓате.
-
Презентации, работни листови, прирачници и практични водичи.
-
Континуирана менторска поддршка во времетраење од два месеци.
-
Сертификат со кој се потврдува успешното завршување на обуката.
-
Многу мотивација, инспирација, поддршка, коучинг, знаење, вештини, искуство и сл.
УШТЕ ЕДНАШ ДА РЕЗИМИРАМЕ
ШТО ДОБИВАШ?

РЕГИСТРИРАЈ СЕ
СО ТВОЈАТА
EMAIL АДРЕСА
И ДОБИЈ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНАТА И ПОЧЕТОКОТ НА ПРОГРАМАТА
*информирај се за сите попусти и бонуси кои ги добиваш со посета на две или повеќе обуки
или пиши на marija@marketdesignacademy.com