ОНЛАЈН ОБУКИ

Ако не сега, кога?

Стекни нови вештини, дознај нови информации, поврзи се со луѓе со кои делите исти интереси и вредности, работи на себе и усовршувај се!

АКО НЕ СЕГА, КОГА?

ОД ХОБИ ДО БИЗНИС

ОНЛАЈН ОБУКА

Ако имаш свое хоби, кое тебе те исполнува, уживаш во него, се забораваш со часови во креативниот и творечки процес, тогаш се работи за огромна страст и љубов која се вложува во тоа што го работиш, а тоа само по себе има голема вредност, не само за тебе како создавач и креатор, туку и за светот. Ако си создал нешто, мора да има некој да го купи, па макар и на другата страна на светот.

INSTAGRAM БЛЕНДЕР

ОНЛАЈН ОБУКА

Можеш ли да замислиш дека твојот Инстаграм може да расте без опсесивно преокупирање со тоа што следно ќе објавиш, како да создадеш содржина, како да ја дизајнираш, дали твојот Инстаграм Feed е добар, дали привлекуваш внимание, зошто повторно немаш следбеници и без илјадници други прашања и мисли кои ти поминуваат низ глава секогаш кога ќе се спомене Инстаграм. Сѐ е е до тоа што ќе видиме и дали ни се допаѓа тоа што ќе го видиме.

STORY БЛЕНДЕР

ОНЛАЈН ОБУКА

Story Блендер е обука која ќе те научи на умеш(т)носта во раскажување. Приказните се тие кои можат да остварат најдабока конекција со нашето окружување. Важно е што имаш да кажеш, но важно е и како ќе го кажеш.

Раскажувајќи ја приказната на моќен начин, се поврзуваме со нашите клиенти на едно сосема поинакво ниво кое значи пренесување на емоции, вредности, решенија, ентузијазам, визија, мотивација.

ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА

ОНЛАЈН ОБУКА

Оваа обука ќе ви помогне да ги научите сите „мали тајни“ за работа со епоксидната смола и да ги совладате неопходните техники и вештини за да можете самостојно да изработувате различни креативни производи од полимерната глина и епоксидната смола.

Без разлика дали сакате да изработувате мали формати како накит на пример или пак големи формати како маси и мебел од епоксидна смола, оваа обука во целост ќе ви ја пренесе технологијата за работа со епоксидна смола и полимерна глина.

Сте се нашле ли некогаш во состојба да се чувствувате „заглавено“. Никако не можеш да дадеш чекор напред и да тргнеш само затоа што не знаеш како. И самата сум била многу често во вакви ситуации, а сум запознала и многу луѓе кои остануваат во иста состојба со години.

А одговорот е едноставен, само тргни, направи нешто, преземи акција, прашај, консултурај се, вклучи се во решението, научи.  Креирав неколку онлајн обуки кои може да ти дадат одговор на прашањето КАКО? На вистинско место си, разгледај ги обуките и впушти се во нова авантура. Рашири ги крилјата и летај високо!

1

Нивото на стекнато и применето знаење е неспоредливо поголемо кога техниките се усвојуваат постепено, чекор по чекор, со континуирана менторска поддршка, наспроти неколкучасовна, еднодневна или дводневна интензивна обука каде за многу краток период се добива огромна количина на информации кои потоа самостојно без потребното менторство не можат да се применат на ефикасен начин.

3 добри причини

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЛЕДИШ ОНЛАЈН ОБУКИ

2

3

За разлика од интензивните обуки каде во период од најчесто 5 до 8 часа се споделува огромна количина на информации, се губи концентрацијата и голем дел значајни информации остануваат незабележани, се забораваат или остануваат нејасни, ОНЛАЈН ОБУКИТЕ ви овозможуваат да се враќате на истата тема по неколку пати, односно толку колку што е потребно до нејзино целосно усовршување.

Искуството покажува дека за време на групните интензивни обуки голем дел од учесниците не се охрабруваат да постават прашања или пак прашања им се јавуваат по завршување на обуката кога повеќе немаат простор за консултација. Онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ќе го овоможи токму спротивното, ќе ги поттикнува сите ваши прашања и ќе имате сосема доволен период за да добиете конкретни одговори на сите ваши прашања кои ќе се јават во текот на практичното тестирате и примена на стекнатите знаења.

СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ
  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
marija maneva.jpg
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP