ОНЛАЈН ОБУКА ЗА

ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА

ОНЛАЈН ОБУКА ЗА

ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА

Оваа обука ќе ви помогне да ги научите сите „мали тајни“ за работа со епоксидната смола и да ги совладате неопходните техники и вештини за да можете самостојно да изработувате различни креативни производи од полимерната глина и епоксидната смола.

Без разлика дали сакате да изработувате мали формати како накит на пример или пак големи формати како маси и мебел од епоксидна смола, оваа обука во целост ќе ви ја пренесе технологијата за работа со епоксидна смола и полимерна глина.

 

Онлајн обуката за полимерна глина и епоксидна смола е резултат на долгогодишното искуство во спроведување на обуки во земјата и регионот и обучени повеќе од 300 учесници.

Онлајн обуката се реализира во три фази:

1.Пријава за учество

Откако ќе се регистрирате за вашето учество, ние ви испраќаме пакет со потребни материјали кои се неопходни за работа и усовршување на техниките.

Пакетот содржи: епоксидна смола 90 мл, едно пакување полимерна глина (56 гр.), механизми и конектори, силиконски калап, специјална дизајнирана хартија, боја за смола, магнет, елементи за вградување во калап, ракавици, шпатула, сад за мешање, шмиргла, лепак.  Со добиениот сет од материјали можат да се изработат најмалку 10 парчиња производи со мал формат (накит, магнети, привезоци и сл.)

2.Учење, практична работа, континуирана поддршка

По добивањето на пакетот со потребни материјали добивате пристап до видео содржини низ кои преку практични примери, чекор по чекор, ќе научите:

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА

ОНЛАЈН ОБУКА?

  • Што е епоксидна смола (течно стакло), кои се нејзините својства, како се користи и за што сѐ може да се употреби?

  • Како да се направат предмети од полимерна глина?

  • Како се комбинира полимерната глина со епоксидната смола?

  • Видови на калапи и нивна употреба

  • Техники на излевање

  • Вградување на фотографии, предмети, природни цветови и други елементи.

  • Боење на епоксидната смола

  • Сушење и полирање

  • Користење на алати

  • Завршни техники

По завршувањето на онлајн обуката добивате два месеци период за интензивна и континуирана поддршка од страна на менторот.

 

Во овој период можете слободно, без грижа на совест и чувство дека окупирате нечие време да направите неограничен број на консултации, да поставувате прашања и да добивате постојана поддршка.

3.Сертифицирање

По завршување на периодот од два месеци, изработувате 3 кретивни производи според ваша целосна идеја и реализација со што потврдувате дека сте ги стекнале потребните знаења и вештини и добивате сертификат за успешно завршена обука.

ЗОШТО ОНЛАЈН ОБУКА ЗА

ЕПОКСИДНА СМОЛА И ПОЛИМЕРНА ГЛИНА?

  • Долгогодишното искуство во реализација на обуки покажува дека за усвојување на вештините за работа со полимерна глина и епоксидна смола најдобар модел на учење се токму онлајн обуките.

  • Нивото на стекнато и применето знаење е неспоредливо поголемо кога техниките се усвојуваат постепено, чекор по чекор, со континуирана менторска поддршка, наспроти неколкучасовна, еднодневна или дводневна интензивна обука каде за многу краток период се добива огромна количина на информации кои потоа самостојно без потребното менторство не можат да се применат на ефикасен начин.

  • За разлика од интензивните обуки каде во период од најчесто 5 до 8 часа се споделува огромна количина на информации, се губи концентрацијата и голем дел значајни информации остануваат незабележани, се забораваат или остануваат нејасни, онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ви овозможува да се враќате на истата тема по неколку пати, односно толку колку што е потребно до нејзино целосно усовршување.

 

  • Искуството покажува дека за време на групните интензивни обуки голем дел од учесниците не се охрабруваат да постават прашања или пак прашања им се јавуваат по завршување на обуката кога повеќе немаат простор за консултација. Онлајн Обуката за полимерна глина и епоксидна смола ќе го овоможи токму спротивното, ќе ги поттикнува сите ваши прашања и ќе имате сосема доволен период за да добиете конкретни одговори на сите ваши прашања кои ќе се јават во текот на практичното тестирате и примена на стекнатите знаења.

  • Сметате дека немате време за себе и вашите интереси

  • На ова гледате како на трошок, а не како на инвестиција во вас, вашите способности, вештини и знаења

  • Ви се чини многу комплексно, а вие немате трпение за да научите нови работи

ОВАА ОБУКА НЕ Е ЗА ВАС АКО:

ОВАА ОБУКА Е ЗА ВАС АКО:

  • Отсекогаш сте сакале да имате интересно хоби

  • Сакате да работите на себе и да учите нови вештини, но да не ја напуштате удобноста на вашиот дом

  • Барате нов креативен начин за да си обезбедите дополнителен приход

Онлајн обуката ја води Марија Манева основач на брендот Windmill Shop и платформата Market Design Academy.

 

Своите знаења и искуства во работата со полимерната глина и епоксидната смола успешно ги пренесува повеќе од 5 години.

Сертифицирана за обуки и коучинг програми од областите: soft skills, conversion digital marketing, small business coaching.

Досега има одржано повеќе од 50 работилници во земјата и регионот на кои присуствувале околу 300 учесници.

ОД КОГО ЌЕ УЧИТЕ?

УШТЕ ЕДНАШ ДА РЕЗИМИРАМЕ ШТО ДОБИВАТЕ

  • Видео материјал кој можете да го гледате во секое време од било кој уред, без разлика на местото каде се наоѓате.

  • Континуирана менторска поддршка во времетраење од два месеци.

  • Сертификат со кој се потврдува успешното завршување на обуката.

  • Членство во затворена Facebook група со учесници кои ја поминале обуката имаат искуства во работата и со кои ќе ги споделувате заедничките искуства и предизвици.

АПЛИЦИРАЈ ЗА ОНЛАЈН ОБУКАТА

Аплицирај за обуката и добиј детални информации за цената и почетокот на програмата. 

Доколку сакаш да ја посетиш и другата Обука 

(Онлајн Обуката ОД ХОБИ ДО БИЗНИС),

тогаш добиваш ПОПУСТ за двете Обуки плус БОНУС електронски прирачник

„5 МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИИ КОИ ПРОДАВААТ?“.

Аплицирањето се врши најдоцна до 26 јуни 2020 година, на следниот ЛИНК ,

во полето Предмет задолжително наведете „ОНЛАЈН ОБУКА ЗА ЕПОКСИДНА СМОЛА“.

Обуката започнува на 29 јуни 2020 година.

или пишете на

marijamanevacontact@gmail.com

ОБУКАТА Е РЕАЛИЗИРАНА СО ПОМОШ НА WWW.MARKETDESIGNACADEMY.COM

  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh
СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP