ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА РАБОТИЛНИЦАТА?

Работилницата за накит од епоксидна смола е наменета за сите лица кои се заинтересирани за учење на нови техники и вештини на креативно изразување.

ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНО ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО?

Потребна ти е само желба. Техниката за работа со епоксидна смола и полимерна глина е едноставна, лесно се учи и може да се работи во домашни услови.

ШТО ЌЕ НАУЧАМ НА РАБОТИЛНИЦАТА?

На работилницата ќе научиш како самостојно да изработуваш накит и други предмети користејќи ги овие материјали. Ќе научиш и каде можеш да ги продаваш твоите производи и како најдобро да го правиш тоа.

ДАЛИ ЌЕ ДОБИЈАМ МАТЕРИЈАЛИ ЗА РАБОТА?

Секој учесник добива комплетни материјали за работа во текот на работилницата, како и целосен сет (епоксидна смола, полимерна глина, механизми и сл.) наменет за самостојна работа по завршувањето на работилницата.

- ТЕМИ НА РАБОТИЛНИЦАТА -

  • Што е епоксидна смола (течно стакло), кои се нејзините својства, како се користи и за што сѐ може да се употреби?

  • Како да се направи накит од полимерна глина и епоксидна смола?

  • Видови на калапи и нивна употреба

  • Техники на излевање

  • Вградување на фотографии, предмети, природни цветови и други елементи.

  • Боење на смолата

  • Сушење и полирање

  • Користење на алати

  • Завршни техники 

  • Креирање на готов производ (цена/амбалажа/испорака)

  • Како се гради бренд

  • Позиционирање на брендот

  • Стратегии за промоција и продажба

  • Управување со социјални мрежи

  • Креирање ефикасни интернет кампањи

  • Маркетинг трендови

  • Комуникација и продажба

  • Домашни и интернационални платформи за продажба

- ИКСУСТВА НА УЧЕСНИЦИ -

Марија е една од најинспиративните личности што ги знам со секогаш свежи идеи. Се сеќавам на работилницата за епоксидна смола со неа како да беше вчера, а не пред две години, и како на свој и упростен начин ни ги откри техниките на оваа специфична материја за создавање накит. Започнав, продолжив и планирам уште да работам со смолата комбинирана со други материјали затоа што уживам во крајниот изработен модел. Им ја препорачувам на сите креативни умови, граница ви е само небото со неа.

Позитивната енергија, флексибилноста, потикнување за работа во тим и современ пристап за пренесување искуста и знаења се зборовите со кои јас би ја опишала работилницата за накит со Epoxy. Од разработка на техника за работа со Epoxy до формирање краен производ, целиот процес на работа, па се до пласман на готов производ на пазарот. За мене долго време новосовладаната техника на Epoxy, е издувен вентил од здодевното секојдневие и реализација на насобраната креативна енергија. 

Во периодот кога ти е неопходно канализирање и трансформација на енергијата се појавува можност за работилница за изработка на накит од полимерна глина и епоксидна смола. Очигледен креативен вулкан со големи изгледи секој момент да еруптира. Така почна се со Phoenix Handmade Jewelry. Сега, малку повеќе од една година, имаме креативна семејна приказна, препознатлив бренд за уникатен рачно изработен накит од полимерна глина, епоксидна смола и ореово дрво со сјаен финиш. 


Брендот Карнер е последица од посетата на работилницата за накит од епоксидна смола, пред две години. Искуството од работилницата која што беше спакувана во безброј информации не само за постапка и работа со смола и полимерна глина, туку и вистински насоки за создавање на бренд и негово управување. Нови техники, нови материјали, нови познанства, многу дружење, насмевки и почеток на хоби кое полека се претвара во бизнис. Приказнава за брендот може не е успешна, но статистиките покажуваат дека настојува да биде.

Креативната енергија која може да ја почувствувате во работилницата на Марија, не треба да ја пропуштите за ништо на светов! Летото 2017 бев дел од тридневната работилница за накит од епоксидна смола која се оддржа во старата скопска чаршија. За овој краток период Марија многу вешто успеа да го пренесе своето знаење и да го прераскаже своето дотогашно искуство. Среќата со која што зрачеше додека разговараше за нејзината работа беше и повеќе од доволна инспирација и мотивација за луѓето кои беа дојдени да ја слушнат. Верувам дека во ова брзо темпо на живеење и стресови, треба многу почесто да се оддржуваат вакви работилници бидејќи за момент тие претставуваат еден вид креативна терапија која ќе ве научи на нови вештини и понатаму ќе може самостојно да ги применувате.  Марија одлично ја заврши својата работа и јас и посакувам уште мнозинство работилници каде ќе продолжи да ги инспирира луѓето околу себе

Искуството од Работилницата за накит од епоксидна смола е едно прекрасно искуство кое го препорачувам на сите. Научив многу за работата со епоксидна смола и полимерна глина, но стекнав и многу нови пријатели, а тоа е нешто што навистина нема цена.

Не пропуштам креативни настани и збиднувања, сум била на повеќе обуки и работилници, меѓу кои и неколкумесечната обука за златарство и дизајн во Италија и мислам дека во Македонија се повеќе се отвора простор за креативно изразување за сите уметници и дизајнери и среќна сум што постојат луѓе кои сакаат да делат искуства и знаење и што овој број се зголемува.

- ШТО ДРУГО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ -

Во изминативе три години работилницата за епоксидна смола ја посетиле повеќе од 120 учесници

*работилницата не е наменета за лица под 18 години

Доколку сакаш да се пријавиш на работилница или да добиеш повеќе информации, кликни овде

СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ
  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
marija maneva.jpg
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP