НЕКОЛКУ ТРИКОВИ ЗА ДОБРА ИНСТАГРАМ ФОТОГРАФИЈА

Иако звучи излитена фразата дека за добра фотографија ти треба одлично око, а не одлична опрема, сепак таа е до крај точна и не постои друг поедноставен аргумент кој ќе те убеди дека ако сакаш добри фотографии кои ќе го позиционираат твојот бренд, а немаш доволен буџет за да ангажираш професионален фотограф, тогаш единствено нешто што ти преостанува е да поработиш на твоите способности за фотографирање. 

За среќа новите генерации на смартфони имаат одлични камери, а постојат и апликации кои од просечна можат да направат супер фотографија.

 

Секогаш кога фотографирам внимавам на следниве елементи:

 

ФОКУС

Фотографија со правилен фокус е веќе добра фотографија и има потенцијал со малку „шминка“ да стане одлична фотографија. На фокусот особено треба да се внимава ако се сликаат крупни кадри, како што тоа често го правам јас кога го фотографирам накитот. Фокусирањето со телефон не е секогаш едноставно, зависи од многу аспекти, светло, далечина, статична рака и слично, но не е невозможна мисија.

 

КОМПИЗИЦИЈА

Ако со правилниот фокус половина од работата веќе е завршена, тогаш со композицијата се оди чекор подалеку. Композицијата значи правилно кадрирање, односно да се внимава тоа што се фотографира да биде во кадар. Со добра композиција фотографијата се става во одреден контекст и таа е клучна за градењето на приказната.

 

ПРИКАЗНА

Кога фотографирам секогаш имам предвид две работи, а тоа е дека секоја фотографија раскажува и секоја фотографија пренесува емоции. Раскажувај/фотографирај онака како што сакаш да те доживеат. Понекогаш ќе имаш потреба да раскажеш многу, понекогаш пораката која сакаш преку фотографијата да ја пренесеш ќе биде едноставна и јасна, што и да сакаш да споделиш треба да го направиш правилно.

 

МАГИЈАТА ДОАЃА НА КРАЈ

Магијата се вика VSCO апликација, основната верзија е бесплатна и ја користам секогаш за финиширање на фотографијата. Иако самата апликацијата содржи преку 20 филтри, најчесто го користам C3 филтерот, а уживам и да си играм со контрастот, експозицијата, острината и др.

 

Ова е линк до мојот инстаграм профил, таму ги раскажувам моите визуелни приказни, ако те интересираат кликни follow.

Share on Facebook
Share on Twitter
Please reload

  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh
СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP