Од другата страна на објективот - фотосесија на Линеа, Виндмилшоп и Фабрика 13

Тргнавме рано, вклучивме и навигација, Македонија не е голема земја, ама е полна со луѓе со големи срца и кога ќе те преплават емоции можеш лесно да се изгубиш, затоа навигацијата беше добра опција.

 

Стигнавме во градот на конзулите, денот само што почнал, ама градот е жив, никој не сака да го пропушти пролетното сонце.

После два и пол часа пат еве сме во Ателје Солак, во домот на Буба, а таа П Р Е К Р А С Н А, не пречека со лимонада со ѓумбир, многу овошје и многу чоколада, ќе ни треба енергија зашто денот е долг, не чека многу работа, а се договоривме дека ќе ни биде многу забавно и енергично.

Така и беше. 

 

 

Прва локација на сликање маалското паркче пред Ателје Солак, се конектиравме со природата и влеговме во филм, Александар и Симона фотографираат, Славица и Таци внимаваат на совршеноста на сетот, јас снимам, а Буба со нејзината харизма доволна да освои три света почна да ја предизвикува љубопитноста на случајните минувачи.

Не ги оставаме без одговор, им објаснуваме дека фотографираме, ги фотографирме моделите на Линеа.

 

А сѐ почна со иницијативата на Славица, модниот дизајнер на Линеа, една од ретките текстилни компании кои со својот бренд успешно ја освојуваат Европа, но успехот не се мери само според сопствените резултати, тој е многу поголем ако успееш да ги инспирираш и другите да ти се придружат.

 

Идејата на Линеа беше многу конкретна, да се направат модни аксесоари за моделите од нивната нова колекција. Ова звучи одлично беше мојата прва мисла, а кога нешто ти звучи одлично и го чувствуваш интуитивно, се фрлаш на работа, така јас ги дизајнирав ланчињата, а Наташа (Фабрика 13) ташните.

 

Но, да се вратам назад.

 

Ја сменивме локацијата, мора да го фатиме шармот на Широк Сокак, па од паркот се селиме во Битолскиот сокак, а тој колку е широк толку е и шарен, секој агол има своја приказна.

 

 

Урбаните приказни најдобро се раскажуваат и доживуваат во урбани локали. Во Битола ги има многу, а ние како локации за фотографирање ги одбравме „Буре“, „Бела куќа“ и завршивме кај Кире во „Бар Чаршија“.

 

Како е да се биде „кабадаја“ истражувавме со популарното топено сирење и чаша бело вино. 

 

 

Да не го заборавам и „хајлајтот“ на денот - Лили! Не сум сретнала друго кученце што толку многу сака да се гушка и позира.

 

 

Овој ден ќе го паметам долго, како што ќе ја паметам и прекрасната соработка со Линеа и Фабрика 13, затоа од срце сакам да им се заблагодарам на Славица, Наташа, Буба, Таци, Александар и Симона.

 

Со љубов од Линеа, Виндмилшоп и Фабрика 13.

 

п.с Погледни го и видеото подолу, денот спакуван во минута и 43 секунди!

 

Share on Facebook
Share on Twitter
Please reload

  • Facebook - Windmillshop
  • Instagram - marija_maneva_windmillsh
СЛЕДИ МЕ НА
ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ

Copyrights © 2018 MARIJA MANEVA. All Rights Reserved.

  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP
  • WINDMILL SHOP