

На светот му
треба
нешто што
ГО ИМАШ САМО ТИ
тоа нешто
ПОДЕЛИ ГО СО СВЕТОТ

ОНЛАЈН ОБУКА
STORY БЛЕНДЕР
АКО НЕ СЕГА, КОГА?

КАКВА ОБУКА
Е ОБУКАТА
STORY БЛЕНДЕР
Story Блендер е обука која ќе те научи на умеш(т)носта во раскажување. Приказните се тие кои можат да остварат најдабока конекција со нашето окружување.
Важно е што имаш да кажеш, но важно е и како ќе го кажеш.
Раскажувајќи ја приказната на моќен начин, се поврзуваме со нашите клиенти на едно сосема поинакво ниво кое значи пренесување на емоции, вредности, решенија, ентузијазам, визија, мотивација.
Ништо не може да предизвика поголема реакција и акција отколку вистинските зборови упатени на најмоќен начин во вистинско време. Ако сакаш лојални клиенти и купувачи, ако сакаш да оставриш поголемо влијание во твојата средина, ако сакаш да оставиш најдобар впечаток уште при првата офлајн или онлајн средба, ако сакаш да блеснеш во тимот, ако сакаш да бидеш добар лидер и да управуваш најдобро со твојот тим, тогаш научи како да раскажуваш.

раскажи
ми
ДАЛИ
ОВАА ОБУКА
Е ЗА ТЕБЕ

-
Ако сакаш да го користиш дигиталниот маркетинг за продажба на своите производи и услуги и да креираш содржини кои секогаш ќе те носат на врвот на пребарувањата, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако менаџираш социјални мрежи, водиш свој Блог, креираш содржини за сајт, пишуваш текстови за клиенти, креираш понуди за компании, работиш како копирајтер или сакаш тоа да биде твојата идна професија, тоаш оваа обука е за тебе.
-
Ако си сопственик на бизнис во основање или бизнис во својата рана фаза и сакаш да ги развиеш твоите вештини за комуникација, претставување и креирање на најдобри понуди за твоите клиенти, твоите соработници и вработени, тогаш оваа обука е за тебе.
-
Ако веќе имаш свој бизнис, но подготвен си да научиш нешто ново и да го развиваш и скалираш твојот бизнис, оваа обука е за тебе.

На светот му треба нешто што го имаш само ти,
не чекај повеќе,
подели го тоа нешто со светот!
АКО НЕ СЕГА, КОГА?
ОБУКАТА
STORY БЛЕНДЕР ЌЕ ТЕ НАУЧИ:

ИЗБЕРИ ГИ КАНАЛИТЕ НА КОМУНИКАЦИЈА
И СЕГМЕНТИРАЈ ГИ ЦЕЛНИТЕ ГРУПИ

Твојата секојдневна и професионална активност те става во различни ситуации кои од тебе бараат умешност во комуникацијата и раскажувањето за да можеш да оствариш највисоки ефекти и да го добиеш максимумот во секоја прилика.
Овој модул ќе те научи како да одбереш кои канали на комуникација се најдобри за тебе и како да ги сегментираш целните групи за да можеш да оствариш најдобра конекција со секоја од нив.
Овој модул ќе те научи на основните специфики на комуникациските канали и специфичностите на целните групи. Ова е базата и почетната точка за развој на секоја понатамошна стратегија за комуникација и развивање на умешноста во раскажувањето.
ИЗБЕРИ ГИ КАНАЛИТЕ НА КОМУНИКАЦИЈА
И СЕГМЕНТИРАЈ ГИ ЦЕЛНИТЕ ГРУПИ


Овој модул ќе те научи на мајсторството на сторителингот. Како да направиш добра приказна.
Кои елементи и каква структура треба да има добрата приказна.
Сигурно се сеќавате на некоја добра книга или одличен филм кои ви оставиле силен впечаток. Сигурно ако подобро размислите може да се сетите и на нечиј говор кој ви би инспиративен, телевизиски настап, напишан текст и сл.
Сите овие добри приказни имаат една заедничка работа, а тоа е структурата.
Научи како да ги поставиш темелите и да изградиш цврста основа за креирање добра приказна која долго ќе се памети и раскажува.
Овој модул ќе те научи да напишеш одличен текст за твоите објави на социјалните мрежи, да креираш ПР и маркетинг текст, да напишеш сценарио за реклама, да составиш инспиративен и креативен говор, да напишеш одлична медиумска статија или блог објава, да креираш понуда која се купува од прва, овој модул ќе те научи да брилираш во секоја ситуација.
УСОВРШИ ГО
МАЈСТОРСТВОТО НА СТОРИТЕЛИНГОТ


Во овој модул зборуваме за трендовите во раскажувањето. Секогаш постои некој нов, креативен и иновативен начин кој ќе ти помогне да го направиш твоето претставување навистина посебно и впечатливо.
Знаеш дека немаш втора шанса за прв впечаток, затоа секогаш однесувај се како да имаш премиерно претставување кое може да биде последно.
Овој модул ќе те научи како да ги користиш современите форми и елементи на сторителингот.
Преку анализа на студии на случај ќе научиш како и во кои ситуации да користиш текстови, видеа, инфографикони, GIF, meme, графички прикази, PDF документи, Power point презентации и сл.


КОРИСТИ КРЕАТИВНИ
АЛАТКИ
Секој канал на комуникацина бара посебен пристап и посебна стратегија за пренесување на приказната на вистински начин. Може да креираш совршена приказна, но да одбереш погрешен канал на комуникација и приказната иако е фантастична да помине незабележано.
Биди таму кај што е твојата публика и пренеси ја пораката на начин на кој што таа сака да ја слушне. Ти ја одредуваш твојата стратегија и динамика на реализација.
Ти го поставуваш планот, затоа прави го тоа мудро.
Овој модул те учи да ја поставиш вистинската стратегија на вистинското место како најдобрите светски бизнис стратези.
КРЕИРАЈ
ПОБЕДНИЧКА СТРАТЕГИЈА
Обуката се реализира преку 4 видео модули кои се составени од видео лекции, работни листови и прирачници.
Видео лекциите се снимени (не се во живо) и учесникот на обуката може да ги гледа неограничен број пати, во денови и термини кога нему му одговараат, без да ги наруши планираните секојдневни обврски.
Преку видео лекциите, работните листови и прирачниците, учесникот целосно се запознава со темите, ги усвојува потребните знаења и работи вежби кои му помагаат да ги примени знаењата на својот случај и да стекне индивидуално искуство.
По завршувањето на интензивниот период на обука, учесникот на обуката добива коучинг поддршка во период од еден месец, каде заедно со менторот ги разгледуваат поставените планови, градат стратегии, дефинираат планови за продажба и маркетинг, оптимизираат ефикасни алатки и ја следат реализацијата.
По завршувањето на овој период од два месеци учесникот добива СЕРТИФИКАТ за успешно завршена обука.
КАКО СЕ РЕАЛИЗИРА ОБУКАТА?
ЗОШТО ДА УЧИШ ОД МЕНЕ?
Основач и сопственик на компанијата за дигитален маркетинг и визуелен дизајн Market Design Academy.
Повеќе од 18 години активно истражувам и работам во полето на медиумската продукција, дигиталниот маркетинг и визуелниот дизајн. Автор сум на повеќе прирачници од областа на дигиталниот маркетинг, претприемништвото и стратешките комуникации.
Како советник соработувам со компании од различни индустрии и работам менторски и коучинг програми за развој на старт ап бизниси.
Сертифицирана за претприемништво и развој на бизнис вештини, дигитален маркетинг, коучинг на мали бизниси, NLP Practitioner.
Во својата професионална кариера сум работела на повеќе менаџерски позиции и сум раководела тимови и проекти.
Имам одржано повеќе од 50 обуки и работилници во земјава и регионот.



-
Видео материјал кој можете да го гледате во секое време од било кој уред, без разлика на местото каде се наоѓате.
-
Презентации, работни листови, прирачници и практични водичи.
-
Континуирана менторска поддршка во времетраење од два месеци.
-
Сертификат со кој се потврдува успешното завршување на обуката.
-
Членство во затворена Facebook група со учесници кои ја поминале обуката имаат искуства во работата и со кои ќе ги споделувате заедничките искуства и предизвици.
УШТЕ ЕДНАШ ДА РЕЗИМИРАМЕ
ШТО ДОБИВАШ?

РЕГИСТРИРАЈ СЕ
СО ТВОЈАТА
EMAIL АДРЕСА
И ДОБИЈ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНАТА И ПОЧЕТОКОТ НА ПРОГРАМАТА
*информирај се за сите попусти и бонуси кои ги добиваш со посета на две или повеќе обуки
или пиши ми на marija@marketdesignacademy.com